Почнува нова ера во Барселона: Денеска промоција на Чави

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави, денеска ќе биде промовиран како нов тренер на „Каталонците“.

Барселона пред 10 дена му врачи отказ на Роналд Куман, и на негово место го носи екс шпанскиот репрезентативец кој целата кариера ја мина токму во Барселона, во последните години играше и работеше во Катар.

Преговорите траеја неколку дена, а во саботата во раните утрински часови, Барса објави дека Чави ќе биде нивниот нов тренер. За денеска е закажана официјалната промоција на Чави.

Шпанските медиуми пишуваат дека на официјалната презентација ќе дојде и Пеп Гвардиола, за да му пружи поддршка.

Гвардиола е во Барселона на мини одмор поради репрезентативната пауза.

Се вчитува...