Ефектен гол со глава на Адеми, Динамо триумфално против Истра… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го запиша вториот гол сезонава во дресот на Динамо Загреб.

Адеми на ефектен начин со глава погоди во 67. минута во триумфот од 1-4 на гостувањето на Динамо против Истра во 11. коло од првенството на Хрватска.

Со оваа победа Динамо Загреб сега на врвот од табелата е со 27 бода, четири повеќе од второпласираниот Осијек.

Се вчитува...