Ефектот Нејмар: За седум дена продаде исто дресови колку Ди Марија за цела година

Нема никакви дилеми дека Нејмар е суперзасилување за ПСЖ на играчки план, но бразилскиот ас воедно е значаен адут и кога станува збор за комерцијалните цели на францускиот фудбалски гигант.

Раководството на „светците“ веќе почна да ги чувствува и првите ефекти од овој мегатрансфер, откако ПСЖ за неполна седмица продаде 20.000 дресови со бројката и името на бразилската суперѕвезда.

„Тоа е одлична бројка на продадени дресови за клуб како ПСЖ. Само за споредба, во целата претходна сезона продадени беа исто толку дресови на Ди Марија, а Нејмар стигна до 20.000 за неполна седмица“ – споредуваат француските медиуми.

Се вчитува...