Ефес до триумф во драмата со Барселона

Анадолу Ефес доби уште еден меч по голема драма откако турскиот гигант во самата завршница го зема скалпот на Барселона, триумфирајќи со минимални 74-73. Турскиот тим настапи без неколку стандардни првотимци, во составот го немаше ниту Шеј Ларкин, но сепак најде начин да стигне до победата.

Барселона има за што да жали ако се знае дека каталонците имаа целосна контрола во првото полувреме, во два наврати имаа „плус 13“ и на одмор заминаа со убедливи 45-26. Ефес одигра беспрекорна трета четвртина што домашниот тим ја доби со 23-9, целосно вртејќи го резултатот во своја полза. Тоа беше најава за драматичната завршница во која Барса имаше плус три во последната минута, но и тоа беше недоволно за да се стигне до победата.

Кординие беше херојот на Ефес, изнудувајќи фаул по офанзивен скок на 0,3 секунди до крајот при 72-73. Бекот на Ефес ги погоди двете слободни фрлања, за огромна радост на домашните навивачи и триумф на турскиот тим.

Кординие со 14 поени беше ајефикасен во победничкиот тим, 13 постигнаа Османи и Лојд, додека прв стрелец на Барса беше Јан Весели со 16 поени.

Се вчитува...