Египет ја преслуша Белорусија, Франција се извлече и со Исланд

Домаќинот на Светското првенство во ракомет, Египет стигна до нова убедлива победа на шампионатот откако славеше над Белорусија со 35-26. Египќаните уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот и на пауза заминаа со предност од седум гола 21-14. До крајот само рутински ја завршија работата за конечни 35-26. Елахмар со осум гола беше најефикасен кај Египет, додека кај поразените Валуапов заврши со четири гола.

Франција повторно не воодушеви откако се мачеше и на мечот со Исланд. Французите повторно како и со Алжир во финишот успеаја да го урнат отпорот на противникот и да стигнат до нова победа на шампионатот овојпат од 26-28. Дика Мем ги водеше галските петли до триумф со седум гола, додека кај Исланд одличен беше Елисон со дури девет гола.

Се вчитува...