Египет преку реми со Словенија до четвртфинале, Норвешка ги чека Португалија и Франција

Египет стигна до четвртфиналето на Светското првенство откако во одлучувачкиот трилер натпревар одигра нерешено со Словенија 25-25. Египќаните катастрофално го отворија натпреварот и за 30 минути успеаја да постигнат само осум гола. Сепак во вториот дел одиграа неверојатно и на крајот стигнаа до златно вреден бод кој ги однесе до четвртфиналето. Санад со седум гола беше прво име во таборот на Египет, додека Блаж Јанц кај Словенија исто постигна седум.

Норвешка ја заврши својата работа откако славеше над Исланд со 33-35 и сега го чека мечот меѓу Франција и Португалија, во кој доколку Португалците победат со еден гол разлика тие заедно со „галските петли“ ќе заминат во четвртфиналето на сметка на Норвежаните. Сагосен со девет гола повторно беше најдобар кај Норвешка, додека кај Исланд се истакна Елисон со шест гола.

Се вчитува...