Егото до плафон: Леброн да може, за себе ќе гласа за МВП

Егото на ѕвездата на Кливленд Леброн Џејмс е на високо ниво, толку високо што смета дека тој треба да ја освои наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во НБА. Нормално, секој кошаркар сонува да биде МВП во најсилната лига во светот, но никој тоа не го потенцира јавно како „кралот“ Џејмс.

Несомнено се работи за еден од најдобрите играчи во историјата на НБА, меѓутоа помалку делува нарцистички неговата изјава без разлика што е делумно точно дека Џејмс сам на свој грб ја носи „коњаницата“.

„Да можев, ќе гласав за мене, јас да бидам МВП. Земајќи го во предвид се што вложив за моето тело да ги издржи сите напори, како и  се што се случуваше изминатава сезона во нашиот тим и на начинот на кој успеваме да бидеме конкурентни. Сметам дека тоа би бил вистинскиот избор, да гласам за мене. Во овие моменти од кариерата се обидувам да направам нешто што други играчи со 15-годишни кариери не би го правеле. Се обидувам да поместам граници“, истакна Џејмс.

Статистички нема што да се оспорува, Џејмс игра сензационално во својта 15. сезона во кариерата и секако го предводи својот тим. Бележи просек од 27.4 поени, рекорд во кариерата по број на асистенции, 9.1 по натпревар, 8.6 скока и 1.5 украдени топки по средба.

Се вчитува...