Егзум: Во Европа тренерите се далеку постраствени од оние во НБА, погледнете го Жељко

Поранешниот кошаркар на Партизан, Данте Егзум во опширно интервју за „Мундо Депортиво“ зборува за искуството во Барселона како и за разликата во НБА и европската кошарка.

Не можеше да не се осврне и на поранешниот свој тренер во Партизан, Жељко Обрадовиќ.

„Има голема разлика меѓу НБА и европската кошарка. Во Европа дефинитивно е потешко да се постигнат поени затоа што одбраната и тимскиот дух се во преден план. Секој натпревар делува како плејоф и бара единствен, максимален пристап. Но, би било компликувано европски тим да игра во НБА каде има повеќе слобода, имате ѕвезди и се игра во серија со силно темпо. Европската кошарка е повеќе тимски ориентирана. Не може да се каже каде е подобро, затоа што се различни стилови. На пример, и сите европски тренери се далеку постраствени. Погледнете како реагира Жељко Обрадовиќ, таква страст ретко се гледа. Сака да победи секаде и секогаш, постојано е обземен од силни емоции“ – вели Егзум.

Се вчитува...