EХФ го одби Пелистер за одложување на мечот со Шафхаузен

Европската ракометна федерација го одби барањето на Пелистер за одложување на мечот против Кадетен Шафхаузен. Иако битолскиот клуб навремено ја извести ЕХФ за позитивни случаи на коронавирус во екипата, по неколку дневан консултација ЕХП испрати препорака натпреварот сепак да се одигра во редовниот термин.

„Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека натпреварот од третото коло на групата Д на Лига Европа меѓу нашиот клуб и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија ќе се одигра редовно во вторник на 17 ноември во 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола без присуство на гледачи. РК Еурофарм Пелистер навремено ја извести Европската ракометна федерација за позитивни случаи на коронавирус во екипата, стручниот и медицинскиот тим, како и за заразеност на сите голмани во екипата, пријавени за европските натпревари. По неколкудневна консултација клубот ја прифати препораката на ЕХФ натпреварот редовно да се одигра.

Веќе неколку од заразените ракометари ќе излезат од изолација и ќе им се приклучат на останатите кои со денови тренираат со Жељко Бабиќ во Битола. Останатите, посебно оние асимптотамтски случаи тренираа индивидуално во своите домови. И покрај краткиот период за заеднички тренинзи, Еурофарм Пелистер подготвен ќе го дочека натпреварот против првакот на Швајцарија“, стои во соопштението од РК Пелистер.

 

Се вчитува...