ЕХФ ја најави Македонија: Кире до Миркуловски – Талески гол

На петнаесет дена до стартот на ЕП 2018 во Хрватска, ЕХФ на официјалната веб-страница на шампионатот со кратко видео ја најави и македонската репрезентација.

Неколку прекрасни акции, на чело со реализацијата на Талески против Исланд, се најава за она што може да се очекува од Македонија на претстојното ЕП, на кое избраниците на Раул Гонзалес во „Арена“ во Загреб ќе атакуваат на пласман во втората фаза во Вараждин.

Се вчитува...