ЕХФ не простува: Вардар казнет со 15.000 евра за „Талант петух“

ЕХФ не му прости на Вардар за навредливиот транспарент на мечот против Кјелце во Лигата на шампионите против тренерот на полскиот тим, Талант Душебајев. Дисциплинската комисија на ЕХФ одлучи да го казни Вардар со 15.000 евра.

„Содржината на транспарентот ги крши принципите кои ги сочинуваат основните вредности на спортот“ – се вели во образложението на ЕХФ.

Како што е познато, на трибините во „Јане Сандански“ беше истакнат транспарент „Талант петух“ што од руски јазик значи „Талант пе.ер“. И самиот Душебајев остро реагираше на тој транспарент на прес-конференцијата по натпреварот.

Како што соопштуваат од ЕХФ, Вардар ќе треба 10.000 евра од казната да уплати веднаш а остатокот е условна казна доколку во следните две години не повтори ист прекршок.

Се вчитува...