ЕКИПА 1Х2: Патриотски сингл на денот

Нов историски натпревар на Македонија, воедно и нова можност за заработка со типување на нашите спортски херои.

Откако погодивме со прогнозата х2 и 0-2 гола на мечот во Палермо, повторно типуваме и за вечерашната пресметка на „Драгао“ со Португалија.

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Португалија – Македонија                 Македонија дава гол

Португалија на офанзивен план е далеку помоќна од Италија, но избраниците на Сантош не делуваат толку импресивно кога станува збор за играта во одбрана. Ќе го немаат ниту Рубен Дијаш од Манчестер Сити, кој е повреден, а Пепе се враќа, но ветеранот веќе не е на нивото од своите најдобри денови.

На спротивната страна, Македонија за овој меч е засилена со враќањето на Елмас и сигурно во нападот ќе бидеме многу поопасни отколку во Палермо.

Затоа, наш предлог за денешниот дуел е тип Македонија дава гол, со квота над 2.

Се вчитува...