ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Селтик – Гл. Ренџерс             3+

Големото шкотско дерби е од огромно значење ако се знае дека Селтик има само два бода заостанување зад шампионот Глазгов Ренџерс, па „зелено-белите“ со триумф вечерва можат да се вратат на врвот на табелата.

Глазгов Ренџерс доминира во меѓусебните дуели, на последните седум меча „сино-белите“ имаат шест победи и едно реми, но мора да се истакне дека тоа е период во кој на клупата на ренџерси седеше Стивен Џерард. Тој се пресели во Астон Вила, на негово место пристигна Ван Бронкхорст, со што и одбраната на ренџерси веќе не делува толку цврсто, примајќи три гола во последното коло против Рос Каунти.

Селтик сигурно ќе тргне офанзивно, но и ренџерси поседуваат доволно офанзивни оружја за да го загрозат голот на домаќините, поради што наша препорака е овој меч да се типува со најмалку три постигнати погодоци.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Буркина Фасо – Сенегал                2

Рајо Валјекано – Мајорка              1

Гент – Бриж                                       3+

Бенфика – Жил Висенте                1 и 2+

Се вчитува...