ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Словачка – Исланд                      1 и 2+

На Словачка и одговара и реми, но домаќините имаат одлична можност со триумф пред своите гледачи да го прослават пласманот на ЕВРО 2024. Словаците играат одлично на домашен терен каде загубија само од Португалија, на последните два меча славеа против БиХ (2-0) и Лихтенштајн (3-0), серија што се очекува да ја продолжат и вечерва против Исланд.

Селекцијата на Исланд е далеку од посакуваната форма, особено кога игра на гостински терен. Освен убедливиот триумф во Лихтенштајн, Исланѓаните ги загубија останатите три меча (3-0 од БиХ и 3-1 од Луксембург), па јасно е зошто оваа селекција како аутсајдер ќе допатува во Братислава.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Азербејџан – Шведска                     2 и 2+

Црна Гора – Литванија                    1 и 2+

Макаби – Фенербахче                       1

Магдебург – ГОГ Гудме                    + голови

Се вчитува...