ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Валенсија – Басконија               2

Шпанска пресметка во Евролигата во која предност им даваме на гостинските кошаркари. Басконија игра одлично откако Душко Ивановиќ дојде на клупата на овој тим, единствениот пораз претрпувајќи го на претходниот евролигашки меч, на домашен терен со Монако.

Валенсија извонредно ја стартуваше сезоната, но како што одминуваат натпреварите така и формата на овој тим се движи во надолна линија. Валенсија врза четири порази во Евролигата, игра се послабо и во АЦБ, па тешко е за верување дека ќе се разбуди токму против составот на Басконија.

Овие две екипи се сретнаа пред петнаесетина дена во шпанското првенство, меч што Басконија го доби со 83-74. Исто така, Басконија славеше на двете лански евролигашки пресметки со Валенсија, серија што ќе се обиде да ја продолжи и на вечерашниот натпревар.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Монца – Јувентус                     2

Шалке – Оснабрик                   1 и 2+

Ремс – Стразбур                        1 и 2+

Вестерло – Андерлехт             ГГ

Се вчитува...