ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Фенербахче – Олимпијакос           1 и 2+

Фенер беше во нокдаун на првиот меч во Грција откако се најде во негатива од три гола, но турскиот гигант успеа да постигне два погодоци и значително да си ги зголеми шансите за пласман во полуфиналето од Конференциската лига.

Нема сомнеж дека стадионот во Истанбул вечерва ќе биде исполнет до последно место, а Џеко, Тадиќ и останатите ѕвезди на Фенер поседуваат и повеќе од доволен квалитет да ја надминат негативата од 3-2 од првиот меч и да го испратат турскиот тим меѓу најдобрите четири екипи во ова европско натпреварување.

Фенер редовно постигнуваше најмалку по три гола на домашните средби во Европа до последниот меч со Унион што го загуби со 0-1, но тоа беше дуел на кој Турците имаа три гола предност од првиот меч што решија да ја бранат. Сега кога мораат да бркаат резултат, се очекува офанзива на „сино-жолтите“ од првата минута и нивна победа на крајот.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Фиорентина – Плзен           1 и 2+

Аталанта – Ливерпул          ГГ 3+

Вест Хем – Баер Л.               ГГ 3+

ПАОК – Бриж                        1

Се вчитува...