Отворено со најдобрите македонски спортисти. Оние кои секојдневно ги красат спортските страници, но и со оние подзаборавените. Нивните успеси, размислувања, желби и очекувања пред идните спортски предизвици – секој вторник на ЕКИПА.МК.
==========================================================================================================================
Една од најдобрите македонски кошаркарки Јелена Антиќ искрено говореше за враќањето на кошарката по пауза од две и пол години и потписот со македонскиот шампион, Баскет Кам.
Таа за ЕКИПА.МК откри непознати детали за јавноста и нејзината борба со повредата на коленото по лекарската грешка уште во 2017 година, поради која мораше да се раздели со нејзината најголема љубов, кошарката.
Антиќ говореше и за соработката со еден од најдобрите тренери на овие простори, Марина Маљковиќ и нејзината соработка со неа во Партизан, како и времињата поминати во Соединетите Американски Држави каде го заврши средното училиште, а две години беше и на Колеџ. Нејзина кошаркарски идол е Коби Брајант, но како што вели од секоја голема „ѕвезда“ гледа нешто да украде.
==========================================================================================================================
ВЕРУВАМ ДЕКА ИМАМЕ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА МНОГУ ПОВЕЌЕ ВО ИДНИНА!
Како ја гледаш состојбата во македонската женска кошарка и дали сметаш дека имаме квалитет за далеку подобри резултати во следниот период?
Не сме имале репрезентативен успех во изминатите 10/20 години и затоа на сите европсски натпреварувања и квалифицикации не потсенуваат. Но во последните неколку години покажуваме пододбра игра и веќе работтие се менуваат. Од друга страна имаме девојчиња, репрезентативки кои што се интернационалки и на сопствена кожа може да почувствуваат како е да се натпреваруваат со поквалитетни противници и да стекнуваат искуство кое понтаму ќе го пренесат во сениорска репрезентација. Претходно не беше така бевме само Митрашиновиќ, јас Тантуровска и Трајчевска. Сите земји напредуваат, мора и ние да ги следиме. Бонер исто така ја натурализиравме одлична кошаркарка иако поради повреда не можеше да ни помогне во последните два натпревари. Размислувам кога и она би била 100 отсто подготвена сигурно би биле 20 плус поени од нејзина страна. Верувам дека имаме потенцијал за многу повеќе во иднина.
Потпиша договор со Баскет кам и се враќаш на кошарката по две и пол години. Зошто баш овој клуб и македонското првенство ги избра за твојот кам-бек?
Причината поради која останав во Македонија е таа што сакав да видам како ќе ми се адаптира телото и коленото. Две и пол години сум надвор од терените и навистина е премногу време. Можев да најдам клуб во странство, но таму е различно бидејќи веднаш бараат максимум од тебе. Сакам до крајов на сезоната да видам како ќе биде мојата здравствена состојба и затоа се одлучив да бидам дел од Баскет-кам, затоа што тука ќе имам поголема флексибилност во однос на тренинзите и натпреварите. Голема благодарност до луѓето во клубот кои ми се најдоа во овие моменти и ми ги отворија вратите.
Како успеа да се избориш не само на физички туку и на психолошки аспект со тешката повреда и долгиот период кој беше надвор од терените?
Луѓето не го знаат ова. 2017 година имав повреда на предниот вкрстен лигамент, но уште полошо беше тоа што ми се случи грешка на операција за која што дознав дури лани. Поради поставување на лигаментот под лош агол јас изгубив четири години од мојата кариера. Од тука почнуваат сите проблеми. Четири операции на коленото од тогаш. На крај многу сум им благодарна на Тања и Маја од „Тотал мувмент“ со кои соработувам од минатата година и докторот Папкостас од Грција кои се луѓето без кои моето враќање на терен би било невозможно. Исто така морам да напомнема уште некои луѓе кои беа со мене целата рехабилитација. Тоа се Дона Дојчиновска мојот физиотерапевт тука во Скопје и мојата фамилија која ми беа поддршка целиот перио. Неверојатни се, бидејќи само тие успеаја да го најдат кој е проблемот. Нема кај бев, дури и во Доха кај доктори кои работат со Лионел Меси. Навистина преживеав „ролер-костер“ овие четири години и сите ме прашуваат од каде таа желба и мотивација да продолжам. Едноставно сум заљубена во кошарката и од 15 години оставив се за да одам во САД и да го бркам мојот сон и премногу беше иронично на ваков начин да ја завршам ја мојата кариера со повреда и тоа поради туѓа грешка.
ЦЕЛИОТ ФОКУС Е НА СЕНОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, НАМЕСТО НА МЛАДИТЕ КАТЕГОРИИ!
Дел си од доста кошаркарски кампови кои што се организираат во Македонија, а беше селектор и на М18 репрезентацијата. Има ли Македонија талентирани млади кошаркарки?
Ние се фокусираме на сениорска репрезентација и забораваме што се случува во младинските категории кои се најважен дел. Бев селектор минатото лето на М-18 и видов колку имаме недостатоци. Со 18 години во Европа играат Евролига, Еврокуп и да добиваат голема минутажа во сениорска кошарка. И во Баскет-кам пола екипа ни се млади девојки и пробувам и со пример и со разговор да им ги доловам моментите и ситуациите со кои ќе се среќаваат ако се занимаваат со овој спорт како професионалци. Жал ми е што многу девојчиња во Македонија кога ќе ги прашам дали се гледаат во кошарка следни пет години најчест одговор е „Не или не знам“. Тоа е главниот проблем, а од друга страна и родителите најчесто им викаат што е и нормално „Гледајте каква е ситуацијата во Македонија, заврши факултет, најди си работа“ и тоа е реалноста која е навистина жална. Колку и да сакам да помогнам, ете прифатив да бидам селектор што беше голема чест за мене, навистина има многу фактори поради кои за жал губиме многу талентирани кошаркарки. Искрено се гледам надвор од Македонија, но ако можам да помогнам на било како начин на нашата кошарка секогаш ќе бидам тука.
Која беше причината поради која Јелена се заљуби во кошарката?
Покрај татко ми и сестра ми јас се решив да почнам да тренирам кошарка. Татко ми беше кошаркар, а потоа и тренер, сестра ми играше во Студент и така со нив почнав. Никој не ме терал нешто посебна да се занимавам со кошарка, туку едноставно вродено ми беше тоа. Сестра ми ја гледав воглавно. Одев на тренинг по цел ден на кош и навечер спиев со топка. Кошарката беше мојата љубов и излегувањата до доцна не ми беа приоритет. Сите излегувале се дружеле, а јас на 15 години отидов во САД каде што на тие години нема такво дружење како кај нас. Сепак, ништо од тоа не ми било тешко, бидејќи сум добила некои работи кои што децата тука што останале не ги добиле. Едноставно секој оди по својот пат во животот.
ЗНАЕВ КАКО МАЛА ДЕКА ЌЕ ОДАМ ВО САД, НА КРАЈОТ ТАА ЖЕЛБА МИ СЕ ИСПОЛНИ…
Многу млада замина во САД каде што заврши средно училиште. Како се случи сето тоа и дали во некој момент размислуваше дали да одиш во САД или едноставно беше решена дека мора да тргнеш по тој пат?
Многу сакав да заминам во САД. Кога требаше да се запишам во средно на моите им реков запишете ме каде сакате, јас ќе одам во Америка. Во тој момент немав понуда од Америка, но цело време замислував за тоа. Многу гледав „And 1“ во тоа време тоа ми беше главен фокус. Бевме во Луксембург на турнир, бевме дечиња по 13/14 години и сите беа постари од нас. Јас се покажав добро, а на турнирот не знаев дека имало „скаути“ од САД. Кога се вративме дома по одреден период, татко ми и мајка ми ми кажаа дека се јави кошаркарскиот менаџер Горан Граматиков и имам целосна стипендија. Моментот од заминувањето во САД од Скопје на Аеродром и ден денеска ми го опишуваат моите најблиски. Кога сум се качила на скалите каде што е последното место каде ќе ја видам мојата фамилја, не сум се ни свртила да им мафнам од што бевтолку возбудена и сигурна од тоа што го правам. Таму сменив неколку фамилии бидејќи. На крај во фамилијата во која бев последната година навистина ми беа како втори родители. Луѓе со големо срце. Иако ниту една од трите ќерки не им се занимаваше со кошарка, ми беа голема поддршка и го посетуваа буквално секој мој меч.
Подоцна две години помина во колеџ. Како си задоволна од годините поминати таму?
Кога запишав Колеџ веќе почнав многу повеќе да размислувам. Ми недостигаше тфамилијата, другарите, се повеќе мислев за враќање во Европа. Играв многу добро на младински првенства, па почнаа агенти од Европа да ме бараат и по две години на универзитет во САД решив да се вратам. Околу годините поминати на колеџ навистина е премногу професионално и напорно. Тренинзи по цели денови, учење за на факултет. Но, условите се неверојатни. Буквално имаш се што ќе посакаш, твое е само да тренираш и учиш. Мора да бидеш добар студент за да можеш да играш. Мораше целата екипа да има просек 3.6 за да може да доаѓаш на тренинзи. Навистина не сакаат таму кога ќе отидеме и не прифаќаат прекрасно. Ние Балканците сме посебен народ и затоа сме им многу интересни на Американците. Во тоа време имаше стрикни правила во колеџ кошарката кои мораше да се почитуваат. Еднастовно тоа е друг свет за нас.
МАРИНА МАЉКОВИЌ ИЛИ ЈА САКАШ ИЛИ НЕ!
Беше дел од Партизан каде што соработуваше со легендарната Марина Маљковиќ. Како си задоволна од соработката со неа и колку успеа да научиш во периодот поминат во Партизан?
Соработката со Марина Маљковиќ за мене беше голема школа. Може да се нарече како еден физички шок. По доаѓањето од колеџ не мислев дека било кој тренинг може да ми биде потежок од тие во Америка. Меѓу тоа кај Марина, сите тоа го знаеја и ме предупредуваа пред потпишувањето во Партизна, тренинзите беа на различно ниво. Имало ситуации кога кошаркарите од машкиот тим доаѓале да ги гледаат нашите тренинзи и да се држат за глава. Во секој случај самата игра на српската репрезентација и успесите со Србија, Галатасарај и Лион покажуваат колку е голема како тренер и како психолог. Со неа не можеш да останеш рамнодушен или ја сакаш или не. Со неа сум имала добар однос, но и моменти кога не сме се согласувале поради тоа што не сум била задоволна од минутажата. Таа си има свои идеи, сме разговарале и секогаш сме расчистиле се меѓу себе. Една сезона завршивме без пораз и играв со репрезентативки на Србија. Партизан во тоа време беше државен проект. 90 отсто беа репрезентативки на Србија и бев среќна што се најдов во тој проект. Убаво искуство се на се и на секој млад би му посакал да ја помине таа школа.
Играше и во Романија и во Шведска. Две тотално различни земји и народи со различен менталитет. Можеш ли да направиш некоја споредба и каде тебе лично ти беше поубаво?
Голема е разликата меѓу Романија и Шведска. Условите навистина не беа идеални во Романија, игравме во мал град, но морам да кажам дека неверојатно беше дружбата додека играв во тоа првенство. Немаше една кошаркарка која се издвојуваше од другите. Никогаш не сум била во екипа во која толку имало дружба. И целата лига дури беше таква. Секогаш кога ќе заврши натпревар знаевме да се најдеме во Клуж од повеќе клубови. Квалитетна лига имаат и многу квалитетни натпревари. Од друга страна имам кажано дека секогаш би се вратила во Шведска. Таа една година помината таму беше неверојатна. Таков мир не сум имала никогаш во животот. Прекрасна сезона помината во која игравме и Еврокуп, а на крајот успеавме да го изненадиме големиот фаворит во лигата и да ја освоиме титулата. Нивниот начин на размислување е многу поразличен од балканскиот. Ниту еден пораз не се сфаќа трагично како тука на Балканот. Едноставно животот оди понатаму и се подготвуваш за следниот меч. Одиграв одлична сезона и круна на сето тоа беше титулата во домашната лига. Би се вратила таму веднаш да можам.
КОБИ БРАЈАНТ Е МОЈОТ ИДОЛ, НО ПРОБУВАМ ОД СЕКОЈ ДА УКРАДАМ ПО НЕШТО!
Кој е твојот кошаркарски идол?
Од секогаш идол ми беше Коби Брајант. Секогаш сум пробувала да ги спроведам на терен неговите финти. Денешниве девојки кога ќе ги прашам кој им е омилен кошаркар и кога ќе ми кажат некое име не знаат да ми објаснат зошто е тоа така. Не е важно некој да е убав за тебе за да ти биде идол (ха, ха), туку начинот на игра негов да го гледаш и да се обидеш нешто да копираш. Кога играв во Шведска многу го гледав Теодосиќ и тие негови додавања едноставно многу сакав да ги копирам и многу пати на натпревар знаев да додадам некој таков пас. Сепак, кога мора да кажам кој е мојот идол дефинитивно тоа е Коби иако гледам да украдам по нешто од секоја од големите „ѕвезди“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА