ЕКИПА избор на најдобрите во Првата лига за месец ноември (ФОТО)

Репрезентативната пауза која не пречеква во месец ноември ја скрати прволигашката програма во Македонија па во него беа одиграни само три кола кои ни ги потврдија очекувањата. Со цел промоција на нашето првенство ЕКИПА исто како и во месец октомври, повторно направи избор на најдобрата петорка, најдобриот млад играч и најдобриот тренер на месецот.

Во идеалната петорка на месецот место има за разигрувачот на Гостивар, Ијасу Ворку кој блеска на паркетите ширум Македонија. Американецот во месец ноември бележи просек од 24 поени, 8.3 асистенции и 5.6 скока по натпревар, притоа остварувајќи трипл-дабл учинок во дуелот со МЗТ Скопје.

Покрај Ворку тука се и кошаркарите на Кожув, Чeз Вилијамс и Кирил Николовски. Плејмејкерот на Кожув е еден од најзаслужните за перфекцијата на гевгеличани во овој месец со просек од речиси далб-дабл учинок проследен со 23.3 поени и 9.6 асистенции, а истиот го исполни и македонскиот центар кој го проследи месецот со 22.6 поени и 10 скока.

Одличен месец е и зад кошаркарот на Феникс 2010 кој со својот просек од 23.3 поени, 6.0 скока и 4.0 асистенции по меч помогна на новлијата да го одбрани домашниот терен од фаворизираните Гостивар и ТФТ.

Бојан Крстевски беше еден од лидерите на МЗТ Скопје изминатиот месец. Репрезентативецот за околку 20 минути поминати на паркетот забележа просек од 14.6 поени и 4.0 скока со што му помогна на својот тим да остане перфектен по мечевите со Работнички, Ангели и Гостивар.

Изборот за најдобар млад играч на месецот му припадна на Виктор Исајловски, кошаркарот на МЗТ Скопје 2 кој во месец ноември забележа просек од 10.3 поени, 3.0 скока и 2.0 асистенции.

Најдобриот тренер на месецот е предводникот на Феникс 2010, Денис Дервишевиќ под чие водство новалијата успеа да стигне до третата и четвртата победа во сезоната совладувајќи ги фаворизираните Гостивар и ТФТ во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...