Србите не се плашат од корона: Црвена Звезда славеше титула пред 18.000 луѓе (видео)

Црвена Звезда славеше над Пролетер со 2-1, но случувањата на теренот во тие 90 минути беа само увертира за шоуто што следеше по завршувањето на мечот – прославата на шампионската титула.

Дека кај нашиот северен сосед воопшто не се стравува од коронавирусот потврда е и видеото од оваа шампионска прослава, на стадионот „Рајко Митиќ“ беа присутни 18.362 навивачи со платени билети, а препораките за безбедно растојание воопшто не се почитуваа.

Најважна беше титулата на Црвена Звезда, под број 31 на српскиот фудбалски гигант, трета во низа пред вечниот ривал Партизан.

Се вчитува...