Екс голман на Е. Пелистер ќе брани за ГРК Охрид (ФОТО)

Египетскиот голман Карим Хендави кој е добро познат на македонската ракометна јавност со настапите за Е. Пелистер во следната сезона се враќа назад во нашиот шампионат, но во редовите на ГРК Охрид.

Искусниот 36-годишен голман во минатото настапуваше и за Доброгеа Суд (Романија), Бешикташ (Турција) и Замалек (Египет), а во „сино-белите“ редови се сели од египетскиот Ал Сафа.

Очекувањата се дека Хандави ќе му биде на располагање на стручниот штаб на Охрид од крајот на месец јули.

Се вчитува...