Екс-ракометар на Вардар ја заврши кариерата на 29-годишна возраст

Поранешниот ракометар на Вардар, Александар Деревен, објави дека ја завршува кариерата, немоќен да се бори со честите повреди што го спречија да блесне во сиот свој сјај. Поранешиот руски репрезентативец ја официјализираше веста пред дуелот од четвртфиналето на Купот на Русија меѓу ЦСКА Москва и Виктор, за што доби и пригоден подарок.

Рускиот „бомбардер“ пристигна во Вардар по неколкуте одлични сезони во Чеховски Медведи, но заработи неколку тешки повреди поради кои не можеше да влезе во натпреварувачки ритам. Деревен сепак може да се пофали со еден трофеј во Лигата на Шампионите, првиот што го освои Вардар во „Ланксес Арена“ во Келн.

Деревен потоа се пресели во таборот на ЦСКА Москва, но ниту таму немаше среќа со повредите, па веќе на 29-годишна возраст беше принуден да му каже збогум на ракометот.

Се вчитува...