Екс-селектор на Србија во критична состојба, позитивен на коронавирус

Легендарниот српски фудбалски тренер и поранешен селектор на оваа репрезентација, Илија Петковиќ, се бори за живот во болница во Белград, каде пред два дена бил примен во многу тешка состојба.

Петковиќ бил итно префрлен во болница откко му пукнал чир на цревото, по што дошло до обилно крвавење. Тој загубил големо количество на крв, лекарите едвај му го спасиле животот, а потоа по извршениот тест на Covid-19 резултатите биле позитивни на коронавирус.

Лекарите соопштија дека неговата состојба е за нијанса подобра отколку кога бил примен во болницата, но Петковиќ се води како „крајно критичен пациент“, бидејќи постои стравување дека поради коронавирусот може да дојде до дополнителни компликации на неговата болест.

Се вчитува...