Експедицијата на „Охрид трчат“ пречекана од ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар на маратонот во Љубљана (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Атлетската манифестација „Охрид трчат“, во партнерство со ЕКИПА, e биде дел од престижниот маратон во словенечката престолнина Љубљана кој се одржува денеска и утре.

Веднаш по пристигнувањето во Љубљана, експедицијата на „Охрид Трчат“ беше пречекана од ЕУ амбасадорот во Македонија, Словенецот Самуел Жбогар но и македонската амбасадорка во Словенија, Сузана Зеленковска.

„Охрид трчаТ“ ги промовираше своите активности но и планови за идните изданија на атлетската манифестација и на експото на еден од најстарите маратони на Балканот. Меѓу другото, беа презентирани новитети за четврто издание кое ќе биде збогатено полумаратон на 21 километар. Соучеството во Љубљана, екипата на Охрид трчаТ официјално ги стартува подготовките за настанот кој од година во година ги поместува границите во охридскиот и македонскиот спорт.

 

На маратонот во Љубљана кој прв пат се одржал 1996 година секоја година учесвуваат повеќе од 30.000 вљубеници во атлетиката, а од нив дури 1.500 се дел од најдолгата маратонска трка од 42 километри.

Се вчитува...