Фудбалската федерација на Еквадор го назначи Аргентинецот Марсело Гаљардо за селектор, соопштија од Федерацијата. Гаљардо го презема местото од својот сонародник Себастијан Бекасече, чиј договор не беше продолжен откако тимот беше елиминиран во осминафиналето на Светското првенство од Мексико (2-0).
Очекувањата во Еквадор особено кај играчите кои настапуваат во Европа беа големи, а раниот пораз во елиминациската фаза не беше добро прифатен во оваа јужноамериканска земја.
„Имаме талент, структура и амбиција. Подготвени сме; нека веруваат луѓето, бидејќи имаат секаква причина за тоа“, објавија од Федерацијата на социјалните мрежи. „Добредојде, Марсело!“
Tenemos talento, estructura y ambición. Estamos listos.
Que la gente crea, porque tiene con qué creer.
Bienvenido Marcelo#LaNuevaEra #LaEraGallardo pic.twitter.com/MOSlYqAwQ4
— FEF 🇪🇨 (@FEFecuador) September 14, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
