Елена Ѓоргиевска со трансфер во Подравка

Елена Ѓорѓиевска прифати нов интернационален предизвик во кариерата откако денеска и официјално потпиша договор со екипата на Подравка.

Хрватскиот шампион го официјализираше трансферот на официјалната веб-страница, потенцирајќи дека во Ѓоргиевска гледа големо засилување за играта во одбрана, а искуството на македонската ракометарка ќе биде од големо значење за овој млад состав.

Елена Ѓоргиевска е родена во Струга, а по настапите за Евростандард ЃП, Кометал ЃП и Вардар реши да почне и интернационална кариера. Таа најпрвин замина во Будуќност, каде настапуваше од 2014 до 2016 година, потоа го носеше дресот на унгарски Фехервар, а ланската сезона играше во Романија за екипата на ЧСМ Крајова.

Се вчитува...