Елиф Елмас го среди Јувентус: „Сервираше“ гол за триумф на Наполи во 93. минута (ВИДЕО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас уште еднаш е херој на Наполи за триумф во големата дерби-пресметка против Јувентус во Торино во 31. коло од Серија А.

Елмас во игра влезе во 68. минута од натпреварот на местото на Лозано, а во третата минута од судиското продолжение низ извонредна акција сервираше погодок за Распадори за триумф од 0-1.

Одлична асистенција на „дијамантот“ пронаоѓајќи го на вториот дирек Распадори за победа на својот тим.

Јувентус претходно, пак, постигна и погодок, но беше поништен по ВАР-реакцијата. Во 83. минута Анхел Ди Марија постигна убав гол, но по прегледување на ВАР-системот главниот судија се одлучи да го поништи поради претходен прекршок на домашните фудбалери.

Наполи цврсто чекори кон титулата во Серија А, со 17 бода предност во однос на второпласираниот Лацио, а цели 19 бода предност во однос на Јувентус кој е на третата позиција.

Се вчитува...