Елиф Елмас го запиша првиот официјален гол во дресот на Фенербахче (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го запиша својот прв погодок на официјален натпревар во дресот на турскиот гигант Фенербахче!

Во 5. коло од шампионатот на Турција, на дуелот на Фенербахче на гостински терен против Коњаспор, македонскиот фудбалер во игра влезе во 61. минута од средбата и веќе по само шест минути игра постигна погодок за водство од 0-1 на Фенербахче…


На десет минути пред крајот на дуелот, Фенербахче се уште има предност од 0-1 и е на прагот да ја запише втората победа во првенството.

Претходно ова лето, Елиф Елмас погоди и на пријателскиот натпревар на Фенербахче со холандски Феенорд кој заврши 3-3.

Се вчитува...