Елиф Елмас од утре на тренинг со Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и соиграчите од Наполи од утре и официјално ќе почнат со тренинзи во базата на клубот. Во текот на денешниот ден фудбалерите имаат дијагностички тестирања за нивната подготвеност, а тренерот Џенаро Гатузо за утре закажа два тренинга, претпладневен за подобрување на кондицијата и попладневен на кој ќе се работи со топка.

Подготвен е и детален план како ќе се одвиваат тренинзите на Наполи, секако максимално почитувајќи ги и препорачаните мерки од владата на Италија. Тимот ќе биде поделен на три игралишта, секој фудбалер ќе има персонализирано шише за вода во текот на тренингот, а туширањето ќе се одвива во домашни услови, со оглед дека соблекувалните нема да се користат се додека не биде добиена дозвола.

Покрај тренерот Џенаро Гатузо, неговите асистенти и фудбалерите, во тренинг – центарот нема да имаат дозвола за влез ниту луѓето од раководството, на чело со претседателот Аурелио де Лаурентис.

Се вчитува...