Елиминиран првиот носител и бранител на титулата на УС Опен – Кирјос со триумф над Медведев!

Ник Кирјиос го победи првиот носител и бранител на титулата на УС Опен, Данило Медведев со 7-6 (13-11), 3-6, 6-3, 6-2 во четвртото коло на УС Опен!

За Кирјиос ова е четврта победа во пет меча со Медведев. Тој до оваа година не играше ниту во осминафиналето во Њујорк, а сега за полуфинале ќе се бори со Карен Хачанов, кој го изненади двократниот полуфиналист и победник на Монтреал Пабло Карењ Буста со 4-6, 6-3, 6-1, 3-6, 6-3.

На дуелот Кирјиос и Медведев очекувавме спектакл, но само на моменти го добивме и тоа во првиот сет. Австралиецот ја загуби брејк предноста, а потоа во возбудлив тај брејк најпрвин спаси три сет топки, па дури потоа ја искористи четвртата за да поведе во сетови.

Се очекуваше мало губење на концентрацијата по еден ваков сет, па тоа и му се случи на Кирјос. Медведев „брејкуваше“ во вториот гем, па стигнува до 5-1, за лесно да изедначи на 1-1.

Сепак, Кирјос ја врати предноста во третиот сет, одигра одлично во нападот и супериорно на свој сервис, па поведе со 2-1. До крајот следуваше нова брилјантна игра на Ник, овојпат за победа и конечни 3-1 во сетови.

 

 

Се вчитува...