Елмас доби ’роденденски’ половина час во дербито со Бешикташ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас на најдобар можен начин го прослави својот 19.роденден. Тој беше дел од големото турско дерби меѓу Фенербахче и Бешикташ. Елмас влезе во 58.минута и придонесе Фенербахче да израмни на 1-1 и да освои еден бод на овој дуел.

Стрелец на голот за Фенербахче беше Андре Ајев во 71.минута од мечот. Бешикташ поведе во 40.минута со голот на Рајан Бабел, а натпреварот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Чанер Еркин во судиското продолжение од средбата.

Се вчитува...