Елмас е желба број 1 на Пеп Гвардиола од групата „18-годишни европски ѕвезди“!

Сосема е јасно дека Елиф Елмас следната година ќе биде една од водечките млади европски ѕвезди барани на пазарот од фудбалските гиганти на Стариот континент.

Веќе е добро познато дека повеќе од една година Манчестер сити и Борусија Дортмунд и тоа како го следат фудбалскиот развој на Елмас и секој негов настап по трансферот во турскиот Фенербахче. Како што пренесува турски „Фотомач“, Елмас е на врвот на листата посакувани 18-годишни фудбалери од страна на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Гвардиола посакува во јуни 2019 година во редовите на тимот од Манчестер да го доведе македонскиот репрезентативец. Прв на неговиот список за кого Сити е подготвен да испрати максимално сериозна понуда до Фенербахче.

Сепак, се наведува дека сериозна конкуренција на Манчестер сити ќе биде Борусија Дортмунд која исто така не се откажува од можноста во своите редови да го доведе Елмас кој беше нивна цел уште додека настапуваше за Работнички. Но, младиот репрезентативец се одлучи да ја прифати понудата на Фенербахче.

Се вчитува...