Елмас и Аталанта влегоа во лоша серија, Јувентус им го нанесе третиот пораз по ред во Серија А

Екипата на Јувентус експресно се рехабилитираше од поразот од Сасуоло минатиот викенд и пред своите навивачи со 2:0 ја совладаа Аталанта која влезе во серија порази.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, натпреварот го започна од клупата за резервни играчи, а шанса доби во 84-та минута, но не можеше да стори ништо за да го избегне третиот пораз во низа во Серија А.

„Старата дама“ победата ја обезбеди со по еден гол во двете полувремиња. Во првото, Консеисао во 28-та минута го отвори резултатот, а во 77-та минута, Бремер го постави конечниот резултат.

 

 

Со триумфот, Јувентус се искачи на шестото место на табелата со 10 освоени бодови, додека Аталанта остана на шест бода, кои ги освои во првите две кола.

Се вчитува...