Елмас ја запали Турција: Најмлад стрелец за Фенербахче во изминатите 30 години

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна првиот гол во дресот на Фенербахче. Тој донесе триумф (0-1) за својот тим на гостувањето против Коњаспор, а стана и најмлад стрелец во историјата на клубот во изминатите три децении.

Елмас погоди на возраст од 18 години, 11 месеци и 28 дена, и тој е најмлад клупски стрелец во последните 30 години. Турската фудалска јавност од него очекува да стане мегаѕвезда на клубот во периодот што претстои.

Се вчитува...