Филип Коку веќе нема шанси да се спаси на клупата на Фенербахче откако „сино-жолтите“ загубија со 3-0 на гостувањето против Ризе. Холандскиот стратег доби последна шанса да го извлече Фенер од кризата, но наместо тоа доживеа дебакл за едно полувреме од тимот кој досега имаше само три бода на своето салдо, па разделбата меѓу Коку и турскиот гигант веќе станува неизбежна.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра само последните десет минути од овој натпревар, но не можеше да стори ништо за да го разбуди „заспаниот џин“.
Токму Коку беше тренерот што му даде на Елмас шанса да блесне на големата сцена, останува да се види каква улога ќе има македонскиот фудбалски бисер во периодот што следи, со нов стратег на клупата на Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА