Елиф Елмас со Торино викендов ќе се сретне со шампионот Интер, во меч во кој македонскиот „дијамант“ за противник има екипа со која нема позитивни спомени.
Имено, италијанските медиуми извадија податок дека Елмас досега има одиграно 10 средби против „нероаѕурите“, притоа не успевајќи да постигне ниту еден погодок. Интер е еден од двата клуба, заедно со Лацио, со кои Елиф се има сретнато двоцифрен број на натпревари, но не успеал да се запише меѓу стрелците.
„Елмас има десет меча против Интер, но ниту еден гол… време е за првенец“, пишуваат медиумите од Торино, додавајќи дека во прилог на македонскиот ас ќе му оди и заморот на противникот по пеколниот меч во ЛШ против Барселона.
„Интер ќе мора да одмори голем дел од играчите. Елиф ќе се сретне со Бисек, играч што е многу физички силен, но исто така и изморен од бројните дуели со Рафиња“.
„Елиф ќе сака да се докаже и пред управата на Торино, да покаже дека заслужува да биде откупен неговиот договор со Лајпциг, иако тоа и досега е повеќе од очигледно. Сепак, никој не сака да размислува за крајот на сезонава, сите погледи во моментов се насочени кон Интер“, анализираат новинарите кои ги следат случувањата во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА