Елиф Елмас со тимот на Торино минатиот викенд се врати назад во Неапол, овојпат како гостин на својот Наполи, тимот со кој пред две сезони „дијамантот“ се закити со шампионското скудето во Серија А.
„Тоа скудето со Наполи до ден денес ми е еден од најубавите спомени, сигурно и засекогаш ќе биде така. Воопшто не беше лесно да се освои така важен трофеј, за мене тоа е нешто навистина неверојатно. Среќен сум што се вратив во Неапол, убаво беше чувството повторно да се игра на стадионот Диего Армандо Марадона“, изјави Елмас за радио „Кис Кис“.
Тој се осврна и на самиот натпревар од неделата, што Наполи рутински го доби со 2-0, со головите што во првото полувреме ги постигна Скот Мектоминеј.
„Мислам дека одигравме добар натпревар со Наполи, но не смеевме да си дозволиме да примиме такви голови. Пред мечот зборувавме колку е Наполи силен од почетните минути, a потоа примивме гол на самиот старт… тие 1-0 ни создадоа проблеми и не успеавме да се опоравиме“, истакна Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА