Елмас: Целта е Македонија да игра и на сениорско ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Ерменија со 2-0 остварувајќи значаен триумф против директниот конкурент за првото место во групата. Тоа е втора победа за „црвено-жолтите“ во Лигата на нации, а воедно и осми меч без пораз на нашиот национален тим. Целта е јасна, низ Лигата на нации да се избори пласман на Европското првенство во 2020 година, можност што се отвора преку новото натпреварување на УЕФА. Го потенцира тоа и најмладиот во националниот тим, фудбалерот на Фенербахче, Елиф Елмас.

„Би сакал Македонија да игра и на сениорско Европско првенство. Тоа е нашата цел, и среќни сме што остваривме две победи во овој прв сегмент од Лигата на нации. Но, не очекуваат уште четири меча и треба да продолжиме во ист ритам. Морам да кажам дека сум среќен што добивам шанса во националниот тим, исто како и во мојот клуб Фенербахче. Се трудам  да возвратам со добри игри“, изјави Елиф Елмас, најмладиот член на сениорскиот национален состав.

Се вчитува...