Ем Најдобар стрелец, ем најдобар асистент: Хари Кејн е само втор во историјата на Премиер-лигата

Хари Кејн поднесе барање за трансфер од Тотенхем откако заврши уште една сезона без освоен трофеј во дресот на лондонскиот клуб. Вината е најмалку од сите негова, ако се земат во предводи фантастичните бројки на Кејн во премиерлигашката сезона.

Тој ја освои „златната копачка“ за најдобар стрелец со 23 погодоци, а покрај тоа Кејн беше и најдобар асистент во лигата со 14 успешни додавања за гол на соиграчите. Со ова, асот на „спарси“ стана само втор фудбалер во историјата на Премиер-лигата што ја завршил сезоната како најдобар стрелец и најдобар асистент во елитното англиско фудбалско друштво. Единствениот кому тоа претходно му има појдено од рака е Енди Кол од Манчестер Јунајтед, во сезоната 1993/1994.

Хари Кејн делува решено да си замине од Тотенхем, а интерес за негов ангажман експресно покажаа Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челси. Сепак, весникот „Индепендент“ денеска објави дека Тотенхем ќе бара 200 милиони евра за својот најдобар фудбалер, сума што ниту еден од заинтересираните клубови нема намера да ја плати.

Се вчитува...