Емери: Има фудбалери кои заслужуваат поголема шанса од Озил

Арсенал на убедлив начин стигна до триумф (4-0) против Стандард во Лигата на Европа, а медиумите на Островот сепак се интересираа зошто во составот на „топчиите“ не се најде Месут Озил. Менаџерот Унаи Емери им одговори на новинарите.

„Го донесов решението кое беше најдобро за тимот. Во овој момент има фудбалери кои повеќе заслужуваат шанса од Месут Озил. И среќен сум што ја искористија шансата. В недела не очекува нов меч и сите ќе конкурираат за составот“, изјави менаџерот на Арсенал.

„Топчиите“ в недела ќе играат против Борнмут.

Се вчитува...