Емери: Oзил нема шанси да замине од Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, ги демантираше шпекулациите околу заминувањето на Месут Озил од тимот од „Емирејтс“.

„Не. Нема шанси да си замине од клубот. Тој тренира напорно и верувам дека ќе ни биде на располагање“, изјави Емери. 

Арсенал сезоната во Премиер-лигата ја почна со две победи против Њукасл и Барнли, но потоа следеше пораз од Ливерпул. „Топчиите“ денеска ги очекува големото лондонско дерби против Тотенхем, меч на кој се очекува Озил да се појави на клупата за резерви.

 

Се вчитува...