Емил Рајковиќ дебитираше со победа на клупата на Автодор Саратов (ФОТО)

Македонскиот стратег Емил Рајковиќ дебитираше со победа на клупата на Автодор Саратов откако во првиот натпревар од ВТБ лигата рускиот тим славеше на гостувањето кај естонскиот тим Калев/Крамо со 93-97.

Домаќините добро го започнаа мечот и поведоа со 28-20 по првите 10. минути, но избраниците на Рајковиќ разликата ја стопија во втората четвртина по што на паузата на семафорот стоеше предност за Русите од 46-47. Автодор го задржа водството и во третата четвртина, а откако Естонците се вратија во последните десет минути, финишот на натпреварот им припадна на гостите за победнички старт на сезоната.

„Многу е важно што ја започнавме сезоната со победа. Калев одигра добро во одбраната и ни беше потребно време за да се прилагодиме и да го засилиме темпото со тоа што нив ова им беше шестти, а нас прв натпревар. Момците добро одговорија во нападот, постојано баравме отворен човек и тоа се испалтеше со 22 асистенции. Мораме да бидеме подобри во одбраната и во скок играта и тоа е нешто што ќе се обидеме да го корегираме на тренинзите кои се пред нас. Ни следи натпреварот против Локо и нешто што морам да направиме е да ја „набилдаме“ самодовербата. Затоа оваа гостиска победа беше многу значајна за нас“, изјави по мечот македонскиот стратег.

Се вчитува...