Емил Рајковиќ и неговиот Саратов исфрлени од ФИБА Еврокупот

Емил Рајковиќ и неговиот Автодор Саратов се исфрлени од ФИБА Европа Купот. Причината веќе е позната, а тоа е суспензија на сите руски клубови поради инвазијата на земјата на Украина.

Штета е тоа што Рајковиќ нема да има шанси да го продолжи натпреварувањето, бидејќи неговиот тим веќе имаше обезбедено пласман во следната фаза и играше одлично од почетокот на сезоната кога македонскиот стратег го презеде кормилото на клубот.

На местото на Саратов во продолжение на ова ФИБА натпреварување ќе продолжи екипата на Бакен Беарс.

Се вчитува...