Емотивна исповед на ќерката на Антиќ: Го држев за рака до самиот крај

Ќерката на неодамна починатиот српски тренер Радомир Антиќ во интервју за шпанските медиуми ги објави деталите од последните денови од животот на нејзиниот татко. Таа вели дека Антиќ бил неверојатен човек кој ни во последните денови од животот не се жалел на ништо.

„Бев со него и го држев за рака до самиот крај. Се уште не можам да верувам дека веќе го нема. Беше човек кој никогаш на ништо не се жалеше, не пиеше таблети и лекови“ – вели Ана. 

Антиќ почина на 71-годишна возраст, а останува запишан во историјата како единствен тренер што ги водел Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона. Најголем успех во кариерата сепак му се смета двојната круна со Атлетико во сезоната 1995/96.

Се вчитува...