Емотивна порака на Чави: Се враќам онаму каде што пораснав, во клубот на мојот живот

Барселона може колку сака да демантира дека нема договор за Чави, но јасно е дека тој денеска ќе биде промовиран во нов тренер на „Каталонците“. Самиот Чави се огласи на Инстаграм дека се враќа дома, и емотивно го опиша чувството по враќањето во тимот каде што потекна.

„Се враќам дома. Се враќам на местоот каде што поранав, се враќам во клубот на мојот живот. Не можам со зборови да ги опишам емоциите што ги чувствувам уште еднаш да ја одбранам честа на овој амблем што го носам во моето срце. Наскоро ќе ја почувствувам атмосферата на Ноу Камп и ќе ги слушнам повиците за енузијазам од навивачите.

Знам дека се враќам во клубот во тежок момент, но овој предизвик го прифаќам со голема надеж. Ќе работам и ќе се борам да дојдеме до местото кое го заслужуваме.

Ви благодарам на довербата, Барселона. Благодарен сум и на сите навивачи кои почувствуваат дека треба јас да ја превземам оваа важна улога.

Приказната продолжува“, напиша Чави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Xavi Hernández (@xavi)


 

Се вчитува...