Емотивно простување на Годин од Атлетико, следен предизвик Интер

Легендата на уругвајскиот фудбал и Атлетико Мадрид, Диего Годин на прес-конференција го најави своето заминување од тимот со кој ги направи најголемите успеси во кариерата. Тој со солзи на очите им се заблагодари на сите и им порача дека Мадрид секогаш ќе е негов дом, а фудбалерите и фановите на Атлетико се негова фамилија.

„Си заминувам од Атлетико Мадрид, ги поминувам моите последни денови тука. Ви благодарам на сите, вие сте мојата фамилија“, во солзи изјави Годин. 

Годин со Атлетико Мадрид ја освои Ла Лига во сезоната 2013/14, на два пати играше финале во Лигата на шампионите против градскиот ривал Реал Мадрид, а ги освојуваше и Копа дел Реј, два пати Лигата на Европа и три пати Суперкупот на Европа. Следната сезона Годин ќе ги брани боите на Интер, кој сака да се засили и со други искусни фудбалери, како би ја сопреле доминацијата на Јувентус која трае осум години.

 

 

Се вчитува...