Емотивно видео: Михајловиќ се сретна со малиот Мирко кој му испрати писмо со поддршка

Синиша Михајловиќ со својата борба против со својата борба против леукемијата стана идол на многу луѓе во светот, а еден од тие кои ги инспирираше е и малиот Мирко. Имено, Мирко и Синиша се инспираа меѓусебно да издржат во најважната борба. 12-годишникот летово му напиша емотивно писмо како би го охрабрил Синиша на кој му се воодушевува како човек.

„Видов дека сте многу тажен. Никој друг освен мене не може да го разбере вашиот страв, затоа што иако имам 12 години разбирам дека стравот кај сите е ист. Немојте да се предавате, пуштете по некоја солза и направете се што можете. Брзо ќе оздравите, а тогаш можеби еден ден ќе се сретнеме“, напиша тогаш малиот Мирко.

По трансплатацијата на коскената срцевина, Мирко го запозна Синиша и средбата беше навистина емотивна.

 

Се вчитува...