Енис Барди е најдобриот изведувач на слободни удари во изминативе три години!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, според официјалната светската фудбалска статистика, е најдобриот реализатор на слободни удари во светот за период од август 2015 година до денес.

Енис Барди, согласно статистиката за сите регистрирани фудбалери во светот според ФИФА, е на првото место на листата на најуспешни изведувачи на слободни удари со 24% успешност. Зад него на листата е Антоан Гризман од Атлетико Мадрид со 22% успешно реализирани слободни удари.

Барди, според официјалните податоци, има шест гола од слободен удар од 25 обиди во изминативе три години за кој период се изведени статистички показатели.

На третото место е Пауло Дибала од Јувентус со 20% успешност, па следат Филип Кутињо од Барселона со 19%, Марвин Платенхард од Херта со 14%. На шестото место е Набил Фекир од Лион исто така со 14%, колку и Миралем Пјаниќ од Јувентус. Осми е Федерико од СПАЛ со 13%, па следи Нејмар од ПСЖ на 9. место со 11% успешност од слободни удари, а десетти е Симоне Верди од Наполи исто така со 11%.

Што се однесува до Лионел Меси тој со изведени 134 слободни удар во изминативе три и пол години е со 9,7% реализација.

Се вчитува...