Некогашниот репрезентивец Енис Фазлагиќ, е без клуб откако го раскина договорот со полскиот тим Висла Краков. Фазлагиќ беше дел на Висла од 2022 година, и одигра само 13 меча во првенството.
Откако пристигна во Висла од Жилина за сума од 500.000 евра, не успеа да се најде во полскиот тим, па често беше на позајмица. Мина како отстапен во Дунајска Стреда и во Горник Лечна, а не успеа да се избори за место во тимот.
25-годишниот играч од средниот ред добиваше и повици за Македонија, а настапи само еднаш во дуелот со Гибралтар на домашен терен кој Македонија го доби со 4-0. Останатите натпревари од тоа издание во Лигата на Нации во 2022 година ги мина на клупата за резерви. Беше дел и од другите млади селекции. Во Македонија настапуваше за Шкендија, Скопје и за младинските тимови на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА