Европскиот првак ПСЖ тргнува по нови имиња, со кои ќе се бори за одбрана на сите три трофеи во идната сезона, како и освојување на нови. За таа цел Луис енрике веќе го пикираше првото засилување.
Станува збор за украинскиот репрезентативец Илија Забарни кој доаѓа од Борнмут. Неговата моментална цена е 42 милиони евра, и тој ќе биде идниот играч на „светците“. Забарни игра на позицијата на стопер, и ќе биде конкуренција за Вилијам Пачо и за Маркињос.
Борнмут добро ќе заработи од овој трансфер по само две години, откако го купи од Динамо Киев за сума од 22 милиони евра, а сега ќе може да го продаде двојно повеќе. Претходно Борнмут го продаде и својот втор стопер Дин Хујсен кој замина во Реал МАдрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА