Енрике се скара со фудбалер и го избрка од репрезентацијата

Синоќа Шпанија славеше победа во Атина против Грција во натпревар за пласман на Светско првенство во Катар 2022 година. Триумф на крајот од 0:1, за прво место во групата, пред одлучувачкиот меч со Шведска во недела.

Меѓутоа за мечот со Швеѓаните, Шпанија ќе го нема Фабијан Руиз кој што се скарал со селекторот Енрике, по што веднаш е реагирано, и тој нема да биде во комбинација за последниот меч.

Енрике тврди дека ќе има прилика да заигра повторно за националниот тим, но на другите мечеви.

„Фабијан е добро, но мојата листа може да има само 25 играчи. Тој е на прелиминарната листа, и знае што треба да поправи за да се врати во главниот состав. Вратата е подеднакво отворена за сите наши играчи“, рече Енрике.

Се вчитува...